Истражување: Маските ја намалуваат брзината на ширење на коронавирусот


Фото: Б. Грданоски

Хонг Конг– Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“ (Natural Medicine).

Во лабораториски услови, маските значително ја намалиле количината на честички на разни вируси што се шират кај пациентите. Нивниот број е регистриран преку специјалниот апарат „Гезундхајт 2“, кој го симулира човечкото дишење и анализира примероци од воздух.

Во експериментот учествуваа 246 доброволци со респираторни вирусни инфекции. Научниците од Универзитетот во Хонг Конг забележаа дека кај 111 пациенти кои носат маски, значително се намалил бројот на различни честички на вируси.