Истражување: Австријците сакаат да работат од дома
Откако австриската Влада во средината на март воведе ограничувања во слободата на движење поради епидемијата на Ковид-19, голем број Австријци работат од дома, а тоа навистина им се допаѓа, покажаа нови истражувања.
Седум од десет Австријци кои работат од дома истакнале дека сакаат така да работат и во иднина.
Вкупно една четвртина од Австријците од почетокот на забраните работеле од дома, а 40 отсто од нив никогаш порано не го сториле тоа.
По еден месец нова пракса, владее задоволство, бидејќи 86 отсто од жителите на Австрија истакнале дека успеале да се снајдат работејќи од дома.
Околу 60 проценти од населението е уверено дека повеќе биле продуктивни од дома, отколку во канцеларија.
Исто така 70 отсто Австријци истакнале дека работата од дома е позабавна и сакаат таа можност да ја користат почесто и по пандемијата.
Меѓутоа и една третина од Австријците кои работеле од дома истакнаа дека не можеле да се сконцентрираат.
Истражувањето покажа дека голем дел од населението на Австрија поради страв од зараза, ќе користи сопствен превоз наместо јавниот превоз.