Истрага: Сите автопати во Бугарија се опасни, не треба ни да се нарекуваат така


Оваа делница од автопатот „струма“ е една од најозлогласените во Бугарија (Фото: Б. Грданоски)

„Собравме тим експерти, ги прегледавме  автопатишта во Бугарија и она што го констатиравме е дека овие 846 километри автопати не се автопати, а секој што ги нарекува така сноси одговорност за жртви на патиштата“.

Ова го истакна Богдан Милчев, претседател на Институтот за безбедност на патиштата на специјална прес-конференција,  извести БГНЕС. Институтот презентираше извештај за состојбата на автопатиштата во Бугарија.

„ На повеќе од 350 километри најдовме дупки на истрошениот слој на асфалтот, на повеќе од 400 места има оштетени заштитни огради. Не можеме да кажеме дека се автопатишта, бидејќи на над 200 километри идентификувавме места каде што може да се случи „аквапланинг“ поради лошата дренажа. Зедовме земја слична на Бугарија по население и по површина – Австрија, која има двојно повеќе автопати и каде што има 3,5 пати помала веројатност да умреш на нив. Причината за тоа е одбивањета да се одржуваат автопатиштата овде, па можеме да кажеме дека тоа се автопатишта на смртта“, изјави и Милчев.

„Можам категорично да кажам дека сите автопати се опасни во државата. Таа одвои 2,5 милијарди ресурси за нив.. Прашањето што сите го поставуваме е-  каде се нашите пари?“, праша претседателот на Институтот за безбедност на патиштата.

„Бидејќи сме управувани од преодни влади, сменети се пет раководители на Агенцијата за патна инфраструктура (АПИ). Постои директна врска помеѓу стапката на смртност во Бугарија и како се управуваат нашите пари за патишта, како се трошат овие 2,5 милијарди лева“,  додаде Богдан Милчев.

По 23 пријави за неправилности престанав да ги бројам, ги праќаме на АПИ , до институции кои треба да го штитат граѓанскиот интерес, но тие не го прават тоа. Ова неангажирање е целосно намерно. Време е да кажеме дека повеќе нема да го толерираме“, изјави патниот инженер Методи Стилјанов.

„Од престанокот на преодната влада и доаѓањето на владата на ПП, проблемите кои постојат и денес се продлабочија. Театар се случува во државата и почнува од највисоко ниво. Се согласувам дека човечкиот фактор е значаен, но зошто е дозволено да има толку многу пијани на пат? Проблемот е што сите што се на власт со години не лажат и не користат“, коментира Деси Христова, поранешен извршен директор на „Автомагистрали“ .

„Кога ќе се каже дека одредена поправка ќе биде направена  да речеме за 5 лева, потоа се плаќа 10 лева. Тоа се случува  со наши пари, се трошат несоодветно и кусогледо. Министерот Шишков постојано зборува за дивоградби и дека ќе ги легализира. Ќе ја легализира дивоградбата изградена на автопатот Хемус, но се сомневам дека тоа ќе биде уставно. Важно е да се земе предвид кои се критериумите за овие дивоградби, но ништо не сум слушнала за нив“, коментира таа.

„Корупцијата е причина за нашата сиромаштија и пред се за жртвите што ги даваме – минатата година загинаа над 500 луѓе. Со корупцијата секаде се бори на ист начин, во овој случај важно е да има контролни институции кои работат транспарентно, а не под политички притисок. Испративме десетици извештаи до сите видови на агенции за безбедност на патиштата и нема  одговор. За нас е важно притисокот да не престане и тие да си ја завршат работата“, коментира адвокатката Албена Билјанова.