Историски договор на Г20 за државниот долг на сиромашните држави
Земјите од групата 20 најразвиени економии во светот за првпат постигнаа договор за заедничка рамка за преструктуирање на државните долгови, проценувајќи дека кризата со корона вирусот им отежнува на некои сиромашни земји да ги подмират своите обврски и им треба помош.
Бидејќи финансиите на некои земји во развој се многу напнати поради пандемијата Ковид-19, министрите за финансии на Г-20 денеска објавија дека им треба повеќе помош од сегашното привремено замрзнување на долгот, кое ќе биде продолжено до 30 јуни 2021 година.
Големите доверители, вклучително и Кина, се очекува да ги следат заедничките упатства договорени во рамките на Г20, кои утврдуваат начини за намалување или презакажување на долгот што се смета за неодржлив.
Невладините организации проценија дека договорот требаше да отиде чекор понатаму со вклучување на земји со среден приход и обврска на приватните инвеститори да прифаќаат отписи.
Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, го поздрави договорот, нагласувајќи дека усвоената заедничка рамка на Г20 за долг е „многу важен чекор“ кон подобрување на меѓународната структура на долг.