Истанбул да се затвори на две недели: Има повеќе мртви од официјалната бројка за цела Турција


Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу повика денеска на заклучување на Истанбул на најмалку две недели.

Со тоа, смета, би се сопрел порастот на случаи со корона вирус кој е вон контрола.

Вели дека смртните случаи поврзани со корона вирусот во Истанбул ги надминале официјално пријавените смртни случаи во целата земја.

Имамоглу, водечки политичар на главната турска опозициска Републиканска народна партија рече дека најголемиот град во турција мора да реагира брзо и да пружи јасна слика за вториот бран на пандемијата, пренесе Ројтерс.

„Оваа задача не е како во периодот март, април, мај (во текот на првиот бран). Кругот се стеснува“, рече тој на отворањето на постројка за пречистување вода.

„Особено последната недела… само во Истанбул има најмлаку 50 смртни случаи повеќе од што се пријавени во цела Турција“, додаде Имамоглу, кој минатата година беше избран за по шокантен пораз на владејачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Градоначалникот, кој и сам минатиот месец прележа Ковид-19 , рече дека го прифаќа предлогот на локалниот одбор за итно заклучување во траење од две до три недели, по што ќе следува контролирано отворање и период на барање контакти.

Болеста Ковид-19 однесе повеќе од 11.300 животи во Турција.