Исланд: Се срона глечер, туристи бегаа


Дел од огромен леден ѕид падна од глечер на Исланд, а водич ги советуваше туристите да се качат на околните височинки, при што никој не е повреден.

Дека ситуацијата беше многу опасна, сведочи и видеото од камера која успеала да го „фати3 моментот да одрон на глечерот.

Туристите заминале во обиколка, но морале да побараат безбедно место кога потоа настанал бран кој се движел кон брегот.

Водичот, токму затоа ги советувал да се качат на височинките до кои бранот не може да дојде.

За среќа, никој не е повреден во оваа опасна ситуација.