Исламски терорист во германската канцеларија за миграции?


 

Германската влада потврди дека потенцијален исламски терорист е вработен во државната канцеларија за миграции и бегалци.

Ова го објави Министерството за внатрешни работи, додека се врши поширока истрага за работата на агенцијата за миграции која ја покрена левичарската парламентарна група во Бундестагот, пренесе Индекс.

Бидејќи истрагата за тоа лице е во тек, малку информации се достапни за јавноста.

„Сојузната влада е свесна за конкретниот сомнителен случај со исламизам и исламистички тероризам“, објави министерството.

Осомничениот работи во Сојузната канцеларија за миграции и бегалци (Бамф), која е надлежна за барањата за азил, интеграција и случаи на репатријација.

Бамф е под надлежност на Министерството за внатрешни работи.