ИСИС објави фотографии и видео: Ова се бомбашите од Шри Ланка
Исламската држава презеде одговорност за бомбашките напади на Шри Ланка во кои на Велигден беа убиени најмалку 320 луѓе, објави „Амак“, новинската агенција на оваа терористичка агенција, не наведувајќи докази за тоа тврдење.
„Амак“ потоа во текот на денот објави и фотографии од осуммина мажи за кои тврди дека се терористите кои ги извеле нападите во црквите и хотелите. Покрај фотографијата ги објавија и наводните имиња на седуммината напаѓачи и опишаа кој од нив учествувал во кој напад. Исто така наведуваат дека еден од нив влегол во пресметка со полицијата и убил тројца полицајци.
Освен фотографијата објавија и снимка на која се гледа како мажите од фотографијата се заколнуваат на верност на калифатот и водачот Абу Бакр Ал Багдади и извикуваат „Алаху акбар“.
A lengthy statement has been added to the claim pic.twitter.com/KJ7y0116k6
— Pieter Van Ostaeyen (@p_vanostaeyen) April 23, 2019
Заменикот министер за одбрана на Шри Ланка во вторникот, зборувајќи за нападите на 15 март во двете џамии во кои беа убиени 50 лица, изјави дека самоубиствените напади на црквите и хотелите се „одмазда за нападот на муслиманите во Крајстчрч“.
Додаде дека за нападите се одговорни две локални исламистички групи – „Нешенел Тавид Џамат (НТЏ)“ и „Џамијатул Милату Ибрахим (ЏМИ)“.
Now followed by an official picture of the attackers pic.twitter.com/q94u7vyDCR
— Pieter Van Ostaeyen (@p_vanostaeyen) April 23, 2019
Владата на Шри Ланка во понеделникот за нападите го обвини движењето НТЏ, но истакна дека таа група делувала со помош на меѓународна терористичка мрежа и дека Коломбо поради тоа ќе побара странска помош во ловот на сторителите.
НТЏ во најголем дел е непозната радикална исламистичка група од Шри Ланка која минатата година беше поврзана со вандализација на будистичките споменици.
Полицијата на Шри Ланка досега уапси 40 луѓе кои се поврзуваат со нападите. Меѓу нив е и Сириец кој бил уапсен по испитувањата на локалните осомничени, изјави портпаролот на полицијата.
По последните податоци, кои ги пренесува Ројтерс, бројот на мртви во нападите на Шри Ланка порасна на 321, а околу 500 се ранети. Портпаролот на УНИЦЕФ изјави дека меѓу убиените има 45 деца.