Исчистени бистите на народните херои од НОБ во Општина Центар
Во рамки на редовната есенска акција за расчистување на отпадот на службите за одржување на хигиената на Општина Центар,, пред големиот државен празник, 11-ти Октомври, се чистат спомениците и бистите на народните херои од НОБ.
-Исчистени се спомен обележјата на борците кои ги положиле своите животи во борбата за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор.Со овој гест општината сака да ја изрази својата благодарност за сѐ она што борците од НОБ го постигнале во тоа херојско поглавје од поновата светска историја,наведуваат од општината.
На повеќе локации низ општината, службите ги расчистуваат и паднатите лисја од дрвата, расфрланите отпадоци, градежниот шут и кабастиот отпад. Есенската акција ќе продолжи и во периодот кој следи.
Истовремено, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, апелираат до граѓаните, својот отпад да го одложуваат на места означени за таа намена, со цел чиста и уредна општина, затоа што здравата животна средина е придобивка која е важна за сите нас и од која сите имаме голем бенефит.