Ирскиот премиер и се вратил на медицината за време на пандемијата


Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој по професија е доктор, повторно се пријавил на медицинска пракса и ќе работи една смена неделно за време на пандемијата.

Варадкар како доктор работел седум години пред да ја напушти професијата и влезе во политиката кога е и отстранет од медицинскиот регистар во 2013 година.

Според „Ајириш Тајмс“, Варадкар повторно се пријавил во март кога започна кризата и ќе работи во Јавната здравствена служба (ХСЕ), каде телефонски ќе контактира со луѓе кои мислат дека го имаат вирусот и ќе ја процени нивната состојба.

Варадкар потекнува од докторско семејство. Татко му бил доктор, а мајка му медицинска сестра. Неговиот партнер е исто така доктор, како и неговите две сестри кои работат и во здравството.

Во март, министерот за здравство Симон Херис ги повика медицинските лица да се пријават и да му помогнат на здравствениот систем  во борбата против коронавирусот со пораката „Потребни сте и на башата земја“. Аплицирале илјадници медицински лица, пренесува Ројтерс.