Иран од Интерпол бара потерница за Трамп и уште 47 функционери

Техеран упати барање до Интерпол за распишување меѓународна црвена потерница за 48 американски функционери, вклучително из а претседателот на САД Доналд Трамп, кој се товари за вмешаност во убиството на Касем Сулејмани.
Портпаролот на иранското Министерство за правда Гулам Хосеин Исмаил, рече дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда се води во соработка со шест држави, вклучително и Ирак, пренсе „Анадолија“.
– Утврдено е дека во убиството на Сулејмани вмешани се 48 лица, меѓу кои и претседателот на САД како прообвинет, и команданти и функционери на Пентагон и американската војска во регионот – наведе Исмаили. Додаде дека Иран побара од Интерпол да распише меѓународна црвена потерница за осомничените.