Иран: Црвеното Море не е безбедна рута


Иран ја предупреди меѓународната заедница дека Црвеното Море не е безбедна рута, нагласувајќи дека три нивни танкери биле нападнати за шест месеци во тоа подрачје.
Иран претходно откри само за еден ракетен напад крај саудискиот брег што се случи на 11 октомври, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Техеран сега објави и за други два напада.

„Веруваме дека нападите беа организирани од една или повеќе држави, бидејќи два ирански многу големи танкери беа нападнати во приближно иста област и предизвикана им беше штета“, се вели во соопштението од Техеран.