Инзаги го напушта Интер, седнува на клупата на Ал Хилал

По високиот пораз (0-5) од ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони, тренерот на Интер, Симоне Инзаги, им соопштил на клупските челници дека го напушта клубот, објави денеска „Газета дело Спорт“.
Според истиот извор, на Инзаги му е понуден договор вреден над 20 милиони евра годишно од саудискиот клуб Ал Хилал, кој се обидува да го привлече италијанскиот стратег на Блискиот Исток.
Инзаги го предводеше Интер до титулата во Серија А минатата година, а сезоната пред тоа го водеше клубот до финалето на Лигата на шампиони, во кое поразени од Манчестер Сити.
Доколку Инзаги го напушти Интер, во медиумите се шпекулира дека клубот од Милано би можел да се обиде да го ангажира Цес Фабрегас, кој зад себе имаше успешна сезона во Серија А со Комо.