Во знак на одбележување на десетгодишнината од Скопската декларација, која претставува еден од основачките акти за формирање на Академија Балканика Еуропеана и во чија изработка учествуваа голем број европски и балкански интелектуалци, во октомври 2017 година во Букурешт, Република Романија, беше формирана академијата. Основачкото собрание, составено од 17 членови од сите земји на Југоисточна Европа, за прв претседател го избра легендарниот уметник и министер за култура на Романија, Јон Карамитру.
Во текот на сите овие години, академијата организира различни симпозиуми, работилници и проекти под покровителство на УНЕСКО, ЕУ и други фондации. По заминувањето во Вечноста на Јон Карамитру, за нов претседател на академијата едногласно беше избран Јордан Плевнеш, а за Генерален секретар Александар Прокопиев, писатели со меѓународно реноме.
Интернационалната конференција „Европа и Балканот – да се биде или не“ ќе се одржи на 21 јануари 2025 година, во салата на Кинотека на Македонија и на неа помеѓу другите, ќе земат учество, Жан-Патрик Конрад – Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите и Принцот на Црна Гора – Никола Петровиќ-Његош, претседател на Фондацијата Његош. Со уводни обраќања на темата ќе се обратат и Јордан Плевнеш, Љубомир Кекеновски и Зенделабедин Шехи, како и поглем број врвни интелектуалци од областа на науката и уметноста од поглем број балкански земји.
Со поддршка на Министерството за култура на Романија, за прв пат ќе биде доделена наградата „Јон Карамитру“ за 2024 година на големиот режисер Тиаго Родригеш, директор на Интернационалниот театарски фестивал во Авињон, Франција. Исто така ќе биде доделена и наградата „Еуропа Прима“ на францускиот писател Силвестре Клансие, Претседател на Академијата Маларме од Париз.
Воедно, на конференцијата ќе бидат презентирани добитниците на наградите „Актер на Европа 2025“ , која е доделна на познатиот германски актер и режисер Брајан Мајклс и „Големата повелба – Балканот е срцето на Европа“, која ја понесе академик Градимир Гојер од БиХ.
Во тој контекст ќе биде промовирана и наградата „Гран при Интернационал“ за академска институција, која ќе биде доделена на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), при УКИМ – Скопје, по повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на оваа значајна институција.
За трезор на европското културно наследство ќе биде прогласена македонската општина Конче, а за „SEE Personalty 2025“, градоначалникот Златко Ристов.
Неодамна објавениот Зборник за единаесетттата Македноско-американска конференција од областа на науката и уметноста, од страна на Универзитетите од Чикаго и Аризона, ќе биде презентирана од проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ.
Покрај тоа, ќе бидат избрани и нови членови на академијата од областа на уметноста, кои ќе ги промовира Генералнииот секретар Прокопиев од областа на уметноста, а од областа на науката проф. д-р Љубомир Кекеновски.
Коорганизатори на настанот се: Европската Академија на науките уметностите и книжевностите, Академија Балканика Еуропеана, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и ЕУ Институтот од Скопје.