Интензивно се чисти низ Аеродром


Денеска, на социјалните мрежи Општина Аеродром се пофали дека интензивно се чисти на неколку локации низ општината.

– Се интензивира работата на сезонските работници. Утрово засилено се работи на три локации во општината, поточно во Мичурин, Стар Аеродром и во Реонски центар. Се чистат патеките покрај булеварот „Видео Смилевски–Бато“, се собираат лисјата покрај улицата „Симеон Кавракиров“ и се расчистува сметот покрај улицата „Коста Новаковиќ“. Работиме одговорно за чиста и зелена општина! – додаваат од таму.

Минатата недела, градоначалникот Тимчо Муцунски се сретна со сезонските работници и им порача дека во следниот период ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките.