Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува, ЗХГ вели обратно


На денешната заедничка прес – конфернција, потпаролот на Владата, Марија Митева, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на управата за животна средина, Игор Никовски зборуваа за заштита на животната средина, квалитетот на воздухот, спроведени инспекциски надзори и конкрети резултати и наоди од инспекциите во текот на изминатат година.

„Во тековнта 2025 се реализирани 1700 инсепкциски контроли – 839 редовни, 532 вондредни и 329 контролни инспекциски надзори. Притоа, утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка, покренати се над 30 прекршочни и 4 кривични постапки“ – рече Гиновска.

„Државниот инспекторат за животна средина работи согласно одобрен план од министерот за животна средина и просторно планирање. Државниот инспекторат согласно акцискиот план за краткорочни мерки на владата за чист воздух е задолжен од ноември 2025 до март 2026 да спореведува инспекциски надзори кај субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи. Од први ноември се спроведени над 55 изадени 20 решенија и три забрани за работа“, додаде таа.

Директорката изјави дека според закон за инспекциски надзор кај еден ист субјект инспекциски надзор се врши не повеќе од еднаш во годината.

„Ве известувам дека за „Титан Цементарница Усје“ се извршени шест надзори над овој правен субјект- два редовни и четири вонредни.Последните вонредни на  18 ноември во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и на 18 декември со инспектор за животна средина од Кисела Вода при што кај сите надзори не се утврдени неправилности кај овој субјект.

Реализирани се и ненајавени вонредни инспекции со инспектори од внатрешноста и пишувачите на дозволата од Управата за животна средина, реализирани се и ненајавени мерења на емисии во воздухот со лабораторијата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање. Секој месец Цементарница Усје доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки и двапати годишно доставува мерења од акредитирана независна лабораторија, бидејќи така се задолжени со дозволата што ја имаат“ – објави директорката на Државнот инспекторат за животна средина.

„Надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена државниот Инспекторат за животна средина испраќа извештај до работната група која е формирана од министерот за животна средина. Од вкупно 120 правни субјекти, А-интегрирани дозволи на територија на Град Скопје имаат околу 40“ – додаде дирекотрката

Таа нагласи дека инспекциската служба не е правосилен орган или полиција и не издава и одзема правни акти и дозволи. Не врши вештачење, процена на штети, мерење на бучва, вода или воздух. Инспекцијата има задача пред се да превенира и нема репресивна улога при инспекцискиот надзор за спроведувањето на законските одредби.

Зелен Хуман Град пак ги спори овие наоди и прашува зошто од 2023 година Усје не е санкционирано за загадување.

„Тука се  прашањата на кои не одговори Државен инспекторат за животна средина кога во 2023 година утврдија дека Усје загадува: Зошто вашиот инспектор не го оспорил извештајот со дневни мерења за ротирачката печка бр. 3 каде што недостасуваат цели 10 часа мерење и констатирал дека загадувањето е „во дозволени граници“?! Кој  ги валидира мерењата на Усје? Тие самите?
 
Усје до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи НЕ МОЖЕ да се видат аномалиите кои се видливи на дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења.
 
Го прашуваме министерството, КАДЕ се јавно достапни податоците од дневните мерења на сите 10 оџаци на Усје на кои е задолжително континуирано мерење?  Колку години и Усје и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата, дали стратегијата е да застари делото?
 
Во дозволата на Усје е јасно наведено дека фабриката е задолжена самостојно и без одложување да го извести надлежниот орган за секакво надминување на дозволените вредности на загаденост. Усје не го направила тоа во 2023 година и ја прекршила обврската од дозволата, а со тоа го довела во ризик здравјето на скопјани. Поминаа три години, а Усје не само што не е никако санкционирана, не само што не постои 24/7 мониторинг достапен на цела јавност во реално време, туку и загадувањето стана деловна тајна“, оценуваат од ЗХГ.