Инклузивна празнична забава со Дедо Мраз утре во Аеродром


Членови на Коалицијата Менуваме  утре  од 13 часот во Клуб Дежаву во Аеродром ќе организира инклузивна празнична забава со Дедо Мраз за децата со попреченост на која ќе им бидат дадени и пакетчиња.
 
-Ова е настан што ќе ве натера да видите нешто иако сме различни и посебни. Ќе се дружиме  на кафе, жива музика и  со лица од македонската естрада, за сите да си помогнете да бидеме чекор поблиску до општество без граници. Целта на настанот е будење на свеста за животот на оние деца и млади со попреченост и нивна поголема социјална видливост, стои во поканата.