Информативен пулт за граѓаните во Народната банка
Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат и Музејот на Народната банка.
Во Народната банка, денес и во следните два дена ќе се одржат и едукативни презентации за платниот систем и платежните услуги, банкарскиот систем и монетарната политика. За присуство на овие презентации, граѓаните имаа можност да се пријават во изминатите две недели.
Годинава, Деновите на финансиска писменост се одржуваат со поинаков концепт од досегашните – концепт на отворени врати за граѓаните.
Информативни пултови по повод Деновите на финансиската писменост ќе има и во експозитурите и филијалите на дел од банките во земјава, како и во штедилниците. Првпат, банките и штедилниците, вакви пултови ќе имаат во повеќе градови низ земјава, со што ќе се обезбеди подобар опфат на популацијата.