Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру


Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот град Бенгалуру, пред да го одржи својот закажан концерт, пренесува „Гардијан“. На видеaта кои кружат на Интернет, се гледа како полицаец му приоѓа на пејачот додека свири на гитара и ја пее „Shape of You“ и му го исклучува микрофонот.

Ед Ширан бил спречен од полицијата да пее откако му било кажано дека нема потребна дозвола за тоа.

Полицијата соопшти дека на организаторите на настанот биле одбиени и не добиле дозвола за уличен настап, кој бил на улицата „Црква“, една од најпрометните области во еден од најголемите градови во Индија.

„Одбив да дадам дозвола затоа што улицата „Црква“ е многу фрекфентна. Тоа е причината поради која беше побарано да го ослободи местото“, изјави полицискиот службеник на Бенгалуру, Шекар Т Текананавар за новинската агенција АНИ.

Ширан, кој ја започна својата кариера токму како уличен артист во Обединетото Кралство и е познат по тоа што настапува на неочекувани места, подоцна на својот Инстаграм профил напиша дека имал дозвола да настапи.

„Имавме дозвола да настапиме. Претходно беше планирано да настапиме токму на тоа место. Не се појавивме по случаен избор. Сепак, сè е добро“, напиша тој.

Ширан е во Индија на петнаесетдневна турнеја, а подоцна истата вечер настапи пред илјадници луѓе на отворено во Бенгалуру, придружуван од индиската пејачка Шилпа Рао. Ширан ги изненади обожавателите пеејќи два хита локални песни на локалниот телугу јазик, заедно со Рао на сцената. Публиката, на социјалните мрежи го сподели своето разочарување од одлуката на полицијата да го прекине неговиот претходен настап на тротоар.

Локален пратеник од владејачката партија во Индија, на X објави дека „дури и светските ѕвезди мора да ги следат локалните правила“.

Најголемата турнеја на Ширан низ Индија следува веднаш по неодамнешниот настап на Дуа Липа во Мумбаи и турнејата во повеќе градови на групата Колдплеј.