Инцидент на Преспа форумот, видео-бим падна врз модераторка

На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос.
Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата времено беше прекината.
Преспа форумот годинава се одржува во Струга, но се покажа дека условите во овој град не се на нивото што го бара собир од ваков тип. Освен што се правеше вештачки зелен амбиент во хотелот „Дрим“ и панелите се одржуваа практично на отворено, некаде и прокиснуваше. Главно градоначалникот на Струга Рамиз Мерко гордо седеше во првиот ред опкружен со меѓународен естаблишмент.
Подоцна, Министерството за надворешни работи се извини дека „кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите.
Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи со предвидената агенда“.