Импресивни бројки за Јокиќ и оваа сезона


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една импресивна сезона во НБА лигата. На дуелот против Оклахома Сити, кој неговата екипа Денвер го загуби Јокиќ успеа да стигне до 500 асистенции во сезоната. За центарот на Денвер ова е осма сезона како успева да има повеќе од 1.000 поени, 500 скокови и 500 асистенции.

Во НБА лигата единствено легендата Леброн Џејмс има одиграно 13 сезони со такви бројки по сезона.

Јокиќ сезонава има имаше повеќе од 15 натпревари пропуштено поради повреда, па затоа и овие статистички податоци имаат на тежина. Тој во три наврати ја добиваше наградата МВП играч на сезоната, а и оваа сезона е еден од кандидатите, а фаворит е Шеј Гилџус-Александер.