Имамоглу и официјално градоначалник на Истанбул


Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу денеска и формално стапи на должноста градоначалник на Истанбул, откако во неделата победи на повторените локални избори.

Имамоглу, од Републиканската народна партија, доби сертификат со кој официјално ја презема највисоката функција во најголемиот град во Турција, со мандат од пет години.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата партија Правда и развој, по 25 години владеење, ја изгубија власта во Истанбул. На локалните избори во март, Ердоган изгуби и во Измир и Анкара.