Илхан Ќучук предлага Бугарија да бара еврокомесар за проширување

Веќе се знаат имињата на 24 кандидати за еврокомесари, освен тие на Бугарија, Белгија и на Италија


Три дена пред да истече рокот за номинирање предлози за еврокомесар, Бугарија се уште не го сторила тоа. Европарламентарецот од претходниот состав Илхан Ќучук вели дека прашањето сега е за кој ресор всушност Бугарија ќе може да смета и за кој ќе може да се бори. Има само 3 земји кои се уште не го предложиле својот еврокомесар, објасни заменик-претседателот на ДПС и предупреди на опасноста Бугарија да го добие „она што го оставаат другите“. Меѓу силните портфолија на кои може Бугарија да инсистира, Ќучук ги посочи енергетиката, кохезионата политика  како и политиката на проширување. Традиционално овој последниот ресор не е многу популарен во Брисел, освен ако државата што го бара нема директер интерес. 

Премиерот Димитар Главчев денес разговараше со Екатерина Захариева, Искра Михаилова и Велислава Петрова, кои во моментов се официјално предложените номинации за еврокомесар од пратеничките групи ГЕРБ-СДС, ДПС и ИТН. Премиерот Главчев вчера испрати и писмо до сите пратенички групи во 50. Народно собрание, во кое ги повика да заземат став за прашањето кои треба да бидат двајцата кандидати за бугарски еврокомесар во следната Европска комисија. Со оглед на истекот на рокот за реакција, премиерот ги очекува номинациите да стигнат до утре – 29 август.Од владината прес-служба информираат дека Димитар Главчев е подготвен да се сретне со предложените кандидати од останатите пратенички групи, кои се уште немаат дадено предлози.

Од ПП-ДБ соопштија дека го предлагаат Јулијан Попов да биде следниот бугарски еврокомесар. Во писмото се нагласува дека Бугарија се наоѓа во невидена политичка криза и преодната влада  нема  легитимитет да го именува бугарскиот еврокомесар во следните 5 години. Според оваа коалиција, Јулијан Попов е еден од највлијателните гласови во Европа на тема „енергија“ и затоа се потпираат на него како натпартиски кандидат и експерт со висока компетентност. Во момент на политичка криза, издигнувањето на непартиска личност со статус на светски експерт е начин да се покаже дека бугарскиот интерес е поголем од теснопартискиот, порачаа од ПП-ДП.Јулијан Попов има значајна експертиза и во други области: клима, животна средина и образование. Бил министер за екологија во две влади и е еден од основачите на Новиот бугарски универзитет. До преземањето на функцијата во последната редовна влада, тој бил претседател на Европскиот институт за градежни перформанси (BPIE), водечки тинк-тенк во Брисел во областа на градењето и регионалната политика.Според коалицијата ПП-ДБ, Бугарија треба да добие оддел во Европската комисија што би бил навистина стратешки за земјата. „Сметаме дека одделот „Енергетика“ е соодветен, бидејќи Бугарија  успеа да се ослободи од енергетската зависност од Русија во областа на гасот, нафтата и нуклеарното гориво.Затоа, назначувањето на специјалист од оваа област за еврокомесар ќе биде од клучно значење како за бугарскиот интерес во Брисел, така и за европскиот интерес на глобално ниво“, порачаа од ПП-ДП.

Претходно на 28 август бугарските медиуми објавија дека ресорот за кој најверојатно ќе биде одговорен следниот бугарски еврокомесар е регионалната политика. Владата мора да предложи двајца кандидати (по можност маж и жена) за еврокомесар од Република Бугарија. Откако претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе избере  по еден од кандидатите од секоја земја, таа треба да му го предложи на Советот на ЕУ новиот состав на ЕК.

Weekly meeting of the College of EU Commissioners in Brussels

Сите еврокомесари треба да бидат одобрени и од Европскиот парламент . Во последниот состав Бугарија го држеше ресорот иновации, образование, развој и млади. А, еве кои се предлозите за еврокомесари од земјите членки што ги избра Лајен досега, освен тие за Бугарија, белгија и Италија кои не пријавија кандидати се уште:  

Австрија: Магнус Брунер, актуелен министер за финансии

Хрватска: Дубравка Шуица, еврокомесарка за демократија и демографија

Кипар: Костас Кадис

Шешка: Јозеф Сикела, министер за трговија и индустрија

Данска: Дан Јоргенсен,министер за развој

Естонија: Каја Калас, премиерка која ќе ја добие позицијата за надворешна политика 

Финска: Хена Виркунен, европарламентарка

Тиери Бретон, еврокомесар за внатрешен пазар

Германија: Урсула фон дер Лајен

Грција: Апостолос Цицикостас, гувернер на Централна Македонија

Унгарија: Оливер Вархеји, еврокомесар

Ирска: Мајкл Мекграт, министер за финансии

Латвија: Валдис Домбровскис, еврокомесар за трговија

Литванија: Андриус Кубилиус, европарламентарец

Луксембург: Kристофер Хансен, европарламентарец

Малта: Глен Микалеф, советник на премиерот за ЕУ прашања

Холандија: Вопке Хоекстра, еврокомесар за клима

Полска: Пјотр Серафин, амбасадор во ЕУ

Португалија: Марија Луис Албукерк

Романија: Виктор Негреску, потпретседател на ЕП

Словачка: Марош Шефчович, потпретседател во ЕК

Словенија: Томаш Весел, адвокат

Шпанија: Тереза Рибера, министер

Шведска: Џесика Росвал, министер за ЕУ