ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.
Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.
Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.