Играч на Арсенал обвинет за силување

Репрезентативецот на Гана и доскорашен играч на Арсенал, Томас Парти е обвинет за пет случаеви за силување. Според обвинението се се случило во периодот меѓу 2021 и 2022 година како што објавуваат британските медиуми.
Истрагата започнала во февруари 2022 година, кога една од жртвите пријави случај за силување, а набрзо уште две жени поднесоа и доказен материјал и според тоа обвинителството покрена обвинение против Парти.
Тој пред Судот ќе треба да се појави на 5.август, а тоа дополнително му создава проблеми при изборот на нов клуб, откако актуелниот договор со Арсенал му истече на 1.јули годинава.
Парти четири сезони го носеше дресот на Арсенал, одигра 130 натпревари постигна девет голови, а претходно беше играч на Атлетико Мадрид.