Игор Џамбазов заплови во манекенски води – со Ивана Кнез позира во „страсни“ сцени покрај Дојранско езеро


Само на модната креаторка Ивана Кнез ѝ успеа да го облече шоуменот и актер  Игор Џамбазов во смокинг со бела кошула со манжетни и елегантни чевли за фотосесија на плажа во Дојран, каде таа самата е модел на својот најнов црвен фустан од тантела.

За време на фотосесијата, друштво им правеше Ферхунде, кучето што Игор го вдоми пред неколку години.

Ивана, сподели дел од фотките на Фејсбук и покажа како се забавувале со Игор во текот на сликањето .

„Стареам со страст ✨ посветено на генерации што бираат да се гласни во едно време што бира да молчи. Благодарам Маестро што си дел од оваа фотосесија. Ни подари еден незаборавен ден ♥️ „Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти на овие фотографии консултирајте се со вашата комшика или најблискиот трач конзулат“, сподели Ивана на постот на ФБ. 

Ивана Кнез е една од најпознатите македонски модни дизајнерки, препознатлива по својот автентичен, театарски и драматичен визуелен израз. Таа е основач и главен дизајнер на луксузната модна линија Drama (Drama Studio) и на брендот Lovecats Original RTW. Нејзините колекции се наменети за силни, независни жени со изразен индивидуализам. Дизајните често се инспирирани од костимографијата, уметноста и филмот.
 

“Ќе видите, јас ќе излезам најнормален од сите овие …”: Интервју со Игор Џамбазов