Игор Џамбазов: Му благодарам на Герасимовски што постави мурал и го сочува споменот на маестро Џамбазов (Видео)


Познатиот глумец Игор Џамбазов, во гостувањето во „Претрес“ на медиумот „ПрваТВ“ му се заблагодари на актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски што постави мурал и го сочува споменот на големиот маестро Александар Џамбазов.

„Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, му благодарам за идејата, еден човек што реши да го сочува споменот за големиот чичко маестро Џамбаз, му направија мурал во Дебар Маало“, вели Џамбазов.

Тој, говорејќи за својот татко, истакна дека не е случајно што муралот е поставен на таа локација, затоа што две улици подолу е бараката на Совет за грижи и воспитување на деца на град Скопје, кој подоцна прерасна во официјална канцеларија на Златното славејче.

„Таму се правеа кастинзи на Златно славејче, татко ми ги репетираше, ги слушаше децата, одредуваше кој, што да пее, дали да пее, кој е добар за соло, кој е добар за хорчето. Еднаш годишно ги носеа во Сутјеска сите, го обожаваа“, рече Џамбазов.