Игор Џамбазов ја пее „Ако утре ме нема“ од ДНК: Песнава ме прогонува (видео)

„Песнава ме прогонува. Со денови наназад, ми дише во врат. Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации. Почивајте во мир деца наши…“ напиша Џамбазов.
„Ако утре ме нема“ е песна од ДНК и Оркестарот на Џамбо Агушев снимена во 2022 година, која беше хит и бендот ја изведуваше на нивните концерти и настапи.
Во пожарот , минатата сабота загинаа пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска и тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, додека нивниот колега Панчо е во болница и се опоравува од здобиените повреди.Придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од групата кои го преживеаа пожарот.