Идните пратеници и за викенд по уверенија во ДИК (фото)
Државната изборна комисија денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.

Лично или преку овластени претставници беа подигани уверенијата за пратеници во ДИК. Фитим Лога, овластениот претставник на ДУИ прв дојде во ДИК да ги подигне нивните уверенија, потоа лично Даниела Христова од ВМРО-ДПМНЕ, па Бранко Георгиевски од СДСМ во име на нивните новоизбрани пратеници…Идните пратеници од Левица и од ДПА не дојдоа. Дошол овластен претставник од Алијансата за Албанците ама немал уредно овластување.

Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени 46 мандати, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57%, односно 44 мандати.

Партијата ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати. Коалиција Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8% со 12 мандати. Левица – 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати и ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати.

Од партии кои учествуваат на овие избори се Интегра со 12.291 глас или 1,35%, ГДУ со 3.555 гласови или 0,39%, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти Глас за Македонија 2800 или 0,31 процент, ЕдинствеМакедонија 2.600 гласа или 0, 29 проценти, СДУ 2.585 о,28, Твоја Партија1894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1558 гласови 0,17 проценти Народна Партија на роми 1225 о,13 проценти.