ИДЕА: Демократијата во слободен пад осум години по ред


Фото: Б. Грданоски

Меѓународниот Институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) соопшти дека минатата година регистриран е најголем пад на кредибилни избори и парламентарниот надзор во речиси половина век, поттикнати од заплашувањето на владите, странското мешање, дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција во кампањите.

ИДЕА истакнува дека кредибилитетот на изборите е под закана бидејќи одѕивот се намалува, а резултатите се повеќе се оспоруваат. Секои трети избори на некој начин се спорни.

Организацијата со седиште во Стокхолм, посочува дека минатата година е забележан пад од 55 отсто на лицата со право на глас, додека тој процент во 2008 година изнесувал 65,2 проценти.

– Изборите остануваат единствената најдобра можност да се запре демократската регресија и да се сврти текот во корист на демократијата. Успехот на демократијата зависи од многу работи, но станува целосно невозможен ако изборите не успеат, изјави генералниот секретар на ИДЕА, Кевин Касас-Замора.

Извештај за глобалната состојба на демократијата, кој ги мери демократските перформанси во 158 земји од 1975 година до денес, покажа дека 47 отсто од земјите доживеале пад на клучните демократски показатели во текот на изминатите пет години, што претставува осма последователна година на глобален демократски пад, се наведува во Глобалниот извештај за состојбата на демократијата на ИДЕА.