Ибрахими, Кукиќ, „CODE 369“: Ден на „Кроација рекордс“ во Скопје

Имено на 15 мај, во малата сала на Филхармонија, настапуваат тројца македонски изведувачи што творат под етикетата на „Кроација рекордс“: иновативната група „CODE 369“, виртуозниот гитарист Мухамед Ибрахими и Иван Кукиќ со својот бенд „Источен фронт“.
„CODE 369“ веќе имаат една објава за Croatia Records, а наскоро им излегува и вториот албум, Иван Кукиќ неодамна ја промовираше својата прва соло објава, додека новиот материјал на Ибрахими се подготвува да биде објавен.
Шестото издание на Скопскиот градски фестивал ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа.
Влезници за концертот на 15 мај се достапни преку онлајн платформата „Мк тикетс“.