Иако се шампиони на Македонија, Шкендија пред дуелот со Дрита се претстави како албански клуб


Екипата на Шкендија в четврток ја чека натпреварот против Дрита во рамките од Конференциската лига, а овој натпревар тетовскиот клуб го најави како да доаѓа од Албанија, а не од Македонија.

Шкендија како шампион на Македонија доби право да учествува во Европа, меѓутоа тие во најавата воопшшто не ја споменуваат земјата од каде доаѓаат и поради која имаат можност да го играат тој натпревар.

На фотографијата од натпреварот тетовци дуелот го најави со албанско и косовско знаме од каде што доаѓа Дрита.

„Надвор од границите ние сме едно. Еден нарoд, два тимa, чувството е едно“, стои во објавата.

Треба да се истакне и дека објавата не доаѓа од некоја навивачка страна на популарните „балисти“ туку од официјалниот профил на Шкендија која треба да биде претставник на Македонија, но очигледно тоа не е, јавува Спорт.