И Зеленски изрази сочуство за трагедијата во Македонија

Претседателот на Украина,Володимир Зеленски, изрази сочувство и солидарност со македонскиот народ:
„Трагични вести за смртоносниот пожар во Кочани. Моите сочувства до семејствата и блиските на жртвите, до претседателката Гордана Сиљаниовска Давкова и до македонскиот народ. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина тагува заедно со нашите македонски пријатели на овој тажен ден“м напиша зеленски на социјалните мрежи.
Сочуство изрази и украинскиот премиер Денис Шмигаљ како и други функционери.
«Страшна трагедија во Северна Македонија одзеде многу животи. Десетици се повредени. Во име на Владата на Украина, изразувам сочувство до семејствата на загинатите, до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата на Северна Република Македонија. Посакувам што побрзо закрепнување на сите повредени во пожарот. Најискрени зборови на поддршка до целиот народ на Северна Македонија“, напиша украинскиот премиер.