И Захариева бара бугарските пасоши да се даваат на свечена церемонија


 

Консултативниот совет при Министерството за надворешни работи  да почне да функционира  што е можно побрзо за да може да се решат случаите со стекнувањето бугарско државјанство од граѓани со бугарско самосвест од Македонија. Само така ќе отпаднат лицата кои сакаат да се стекнат со вакво државјанство поради бенефиции, а потоа учествуваат во антибугарски кампањи.

Ова го изјави Екатерина Захариева, поранешен вицепремиер и министер за надворешни работи по повод расправата во бугрското собрание за стекнување на бугарско државјанство. Според неа, предлог-законот што е претставен решава само мал дел од проблемите, но не решава прилично значаен дел од нив. Таа истакна дека измените од 2021 година се чекор во вистинската насока и ќе им ја отежнат работата на бескрупулозните поединци кои се обидуваат да го заобиколат законот, па дури и да извршат кривични дела.

„Истовремено, има случаи на граѓани на РСМ кои отворено го декларираат своето бугарско 
потекло, но се вратени. На овие случаи го упатив и поранешниот министер за правда
Надежда Јорданова. Го повикувам Министерството за надворешни работи да направи се за да може Советодавниот совет да работи што побрзо“, рече Захариева.

Захариева е децидна дека церемонијата за добивање бугарско државјанство мора
да стане свечена.

„На овој начин голем дел од граѓаните на РСМ кои сакаат да се стекнат со бугарски
државјанство само за да можат да патуваат, а потоа отворено да настапуваат
во антибугарските кампањи,  ќе отпаѓаат еден по еден. Со публицитетот на церемонија и со 
делумна јавност на регистрите, овој проблем ќе се тргне  сам по себе, па ќе се намали и обемот на работа“, рече Захариева.

Во расправата за добивање државјанство учествуваше и министерот за правда Крум Зарков, кој најави дека за неколку дена ќе ги дадат на обвинителството случаите во кои државјанството е стекнато со лажни документи. Тој нагласи исто така дека дека 50% од кандидатите за државјанство не го знаат бугарскиот јазик и дека Советот за државјанство нарачал проверки на повеќе од 1.000 досиеја за изминатите 4 месеци.

„Проблемот е што овие проверки ги продолжуваат роковите. Советот констатирал лажни акти или други документи за потекло. Наредните денови ќе ги доставиме овие информации до обвинителството“, најави министерот и додаде:

„Луѓето кои поднесуваат документи и живеат во странство обезбедуваат лице за контакт. Во многу случаи тие го обезбедуваат истото лице за контакт. Ова е кривично дело без никакво сомневање. Имаме прилично јасна слика и доаѓаме до спецификите, но не ќе се осмелам да кажам од која земја доаѓаат повеќе или помалку. Но, има јасни трендови. Бугарската држава не може да биде измамена од посредници или криминални типови“, рече Зарков и порача дека  „ќе бидат бескомпромисни кон оние кои се стекнале со државјанство со лажна исправа“. 

Според него, условот за познавање бугарски јазик е задолжителен.

„Повеќе од 50% од апликантите кои доаѓаат да добијат државјанство по потекло имаат потреба од преведувач.

„Мислам дека не можете да живеете во земјава без да го знаете јазикот“, смета Зарков.