И Заев на самитот на Отворен Балкан


 

На самитот на лидерите на земјите членки на Отворен Балкан е и поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев. Неговото присуство, иако не се знае во кое својство, го посочи лидерот на Србија Александар Вучиќ.

„Посебно сум среќен што денеска во Белград можев да го поздравам и угостам мојот искрен пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев“, напиша Вучиќ.