И СДСМ демантира дека „македонски“ се заменува со името на државата
Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси, порачува денес со соопштение СДСМ. Според оваа партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излажал дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, иако оваа лага експресно беше демантирана токму од Комисијата.
-Да, Мицкоски уште еднаш излажа. Да, тој е истиот Мицкоки кој лажеше дека државата ни се распрачувала, истиот Мицкоски кој лажеше дека државата немала тестови за коронавирусот, дека лекарите немале заштитна опрема. Да, тој е истиот Мицкоски чии профили на социјалните медиуми беа идентификувани како извор на лажни вести во студија финансирана од ЕУ, реагираат од СДСМ.