И самитот на ОБСЕ во кампањата за Чаир: ДКСК и Обвинителството утврдија дека бил организиран согласно законите


Самитот на ОБСЕ (Фото: Б. Грданоски)

 

Една од работите која сигурно ќе биде дел од кампањата за изборите во скопската општина Чаир е организацијата на министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје и парите што беа потрошени за овој голем настан. Уште тогаш имаше обвинувања кон тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, дека сумите за организацијата биле преголеми. Коалицијата „Вреди“ во повеќе наврати го обвинува Османи, сега кандидат за градоначалник на Чаир, дека бил дел од некакви злоупотреби при организацијата. „Вреди“ сега пред изборите повторно ја отвора темата.

Но Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според официјалниот заклучок на двете институции, постапката за избор на компанија за реконструкција и адаптација на салата „Борис Трајковски“ е спроведена во согласност со законите, со почитување на највисоки стандарди за фер оценување и без елементи на корупција.
Институционалната проверка беше спроведена по иницијатива на Османи, кој поради серија јавни обвинувања побара комплетна ревизија и истрага за целата постапка.
„Процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција“, се наведува во заедничкиот заклучок на ДКСК и Обвинителството, кој се однесува на подготовките за самитот што се смета за еден од најважните дипломатски настани во поновата историја на државата.