И Путин подготвен да разговара со Зеленски


Додека траат преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, од Москва стигна веста дека претседателот Владимир Путин е подготвен да разговара со Володимир Зеленски „ако е потребно“.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, во вторникот рече дека Путин „повеќе пати рекол дека е подготвен да зборува за мир“, но дека прво мора да се решат „пошироките безбедносни прашања“ на Москва.

„Самиот Путин рече дека ќе биде подготвен да преговара со Зеленски доколку е потребно, но за правната основа на договорите треба да се разговара со оглед на реалноста дека легитимитетот на Зеленски може да се доведе во прашање“, додаде Песков.

Рускиот претседател постојано ја обвинува експанзијата на НАТО во Источна Европа како причина за неговата инвазија на Украина и тврди дека пристапувањето на Украина во воената алијанса не е почеток. Но, Песков рече дека Русија нема да застане на патот на Киев да се приклучи на Европската унија.

Неговиот коментар дојде кога високи американски и руски претставници се собраа на разговори во Саудиска Арабија утрово, нешто што круговите околу администрацвијата на Трамп го оквалификуваа како „историско“, а што беше дочекано како срамно во  Украина бидејќи им се дава легитимитет на воени злосторници и наедно можност да се пазарат околу условите за примирје. Историскиот успех на Трамп се должи всушност на фактот дека никој друг досега не сакаше да преговара со Путин бидејќи никој не верува во тоа што го кажува.  

Една од основните причини зад разговорите во Ријад е да се дојде до средба меѓу Доналд Трамп и Путин, која најверојатно ќе се одржи и во Саудиска Арабија. Пред преговорите на САД и Русија, украински војник преку социјалните мрежи се обрати со писмо до Американците:

„Америко, имам прашање до тебе.Го избравте Трамп за свој претседател. Toj го повика терористот број еден во светот – не за правда, туку за преговарање, третирајќи го како легитимен лидер.Како се чувствувате за тоа?

Дали би прифатиле ваш претседател да го повикаше Бин Ладен по 11 септември? Да седне на маса со ИСИС? Затоа што токму тоа се случи.

Ги закопав браќата поради Путин, видов егзекутирани цивили, здробени деца, збришани семејства. А, сепак, Трамп – вашиот лидер – му даде на тоа чудовиште место на масата.

Три години Украина се бореше за опстанок на првата линија на слободата. Американците застанаа зад нас и јас сум благодарен. Но, сега, вашиот претседател стои со нашиот непријател.Па, повторно прашувам – Америка, како се чувствуваш за тоа?