И понатаму висок број починати во БиХ од Ковид-19, денеска 80


 

Во Босна и Херцеговина денеска има помалку од илјада новозаразени со корона вирус, што е потврда за успорување на епиденмијата во земјата, но и понатаму е висок бројот на починати од последиците од болеста.

По тестирање на повеќе од 4.000 примероци, откриени се нови 966 заразени, а починале 80 лица.

Бројот нови случаи на зараза, е двојно поголем од понеделникот, кога имаше 444 нови случаи, но тоа се должи на помалку тестирање во текот на викендот.

Во споредба со претходните две недели вкупните бројки заразени се значително помали, а високото ниво се одржува кај починатите од последиците од Ковид-19.

Во БиХ од почетокот на епидемијата досега почиале 7.492 заразени лица.

Според американсиот медицински универзитет „Џон Хопкинс“, БиХ во моментот е блису 220 смртни случаи на 100.000 жители, односно со стапка на смртност од 4 отсто и е на високото петто место меѓу државите кои трпат најголеми последици од пандемијата.

Мерките на ограничувања варираат, зависно за кој дел од земјата се работи, но главно секаде работат угостителските објекти, но само некаде гости може да се послужуваат на терасите.