И понатаму повеќе од 1.600 новозаразени во Србија, починаа 20 пацинети


 

Во последните 24 часа во Србија потврдени се 1.648 случаи на зараза со корона вирус.

Починаа уште 20 пациенти, според податоците на страницата Covid19.rs.

Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 379.093, а починати се вкупно 3.830‬.

Од почетокот на пандемијата во Србија се тестирани 2.516.876‬, од нив 10.240 во последните 24 часа.

Во болница се лекуваат 4.803 пациенти, а на респиратор се 166 пациенти.

Од почетокто на оваа седмица бројот новозаболени се движи над 1.500.