И покрај протестите Индија ќе ја подели сојузната држава Џаму и Кашмир


Curfew in Lalchowk Srinagar Express Photo by Shuaib Masoodi 12-08-2019

Индија утре официјално ќе ја подели спорната држава Џаму и Кашмир на две сојузни територии, со цел да го зајакне владеењето над регионот, во кој речиси три месеци спроведува строга безбедносна кампања.

За утре е предвидено и поранешниот бирократ Г. Ц. Мурма да положи заклетва како гувернери на територијата Џаму и Кашмир, а Радха Кришна Матхур ќе стапи на должност гувернер на Ладакх.

Индискиот премиер Нарендра Моди во август ја укина автономијата на Кашмир и најави поделба на сојузната држава на две територии во кои директно би владеел Њу Делхи. По укинувањето на автономијата на Кашмир индиската Влада спроведува строгата безбедносна кампања во регионот, а милитантите во последните недели убија десетици луѓе.

Во долината Кашмир, каде муслиманите се мнозинство, а сепаратистите со децении се борат против индиското владеење испратени се илјадници индиски војници.

Исто така беа воведени строги ограничувања за патувања, а беа прекинати телефонските врски и интернетот. Некои мерки се ублажени, но мобилната и интернет конекцијата се уште е недостапна за поголемиот број Кашмирци.

Училиштата и колеџите не работат, како и поголемиот број продавници, ресторани и хотели. Стотици луѓе, меѓу кои политичари и сепаратисти се во притвор.

Но, и покрај тоа од почетокот на неделата на улиците на Сринагар, најголемиот град во Кашмир, но и во другите населени места граѓаните протестираат поради кампањата на индиските власти.