И партијата на Љупчо Георгиевски го осуди Каракачанов
Најостро реагираме на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Македонија, наведено е во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.
„Сметаме дека покажувањето на вакви карти за жал директно ги поништува сите договори потпишани помеѓу двете држави за добрососедство. Во таа насока, жалиме што се потврдува дека некои политички партии кај нашиот источен сосед веќе неколку месеци на груб начин го инструментализираат македонското прашање во строго партиско-изборни цели кои, пак, за жал, овие политичари не гледаат дека со ваквите постапки нанесуваат трајни последици помеѓу двете држави и емоцијата на двата народи“, се вели во соопштението.