И независниот пратеник Скендер Реџепи ќе прави своја партија


 

Како печурки на дожд. Така се размножуваат партиите во албанскиот политички блок во годината пред параламентарните избори.

Денеска преку соопштение до медиумите и покана независниот пратеник Скендер Реџепи (кој порано беше член на Алтернатива) објави дека вечерва во хотелот „Холидеј ин“ ќе се одржел „народен конгрес“ на кој ќе биле откриени името на најновата партија во државава, а ќе се избрале и централно собрание и претседател на политичкиот субјект.

Во најавата се наведуваат идеолошките одредници на партијата: зачувување на традиционалните семејни вредности и на афирмација на современите економски, социјални, образовни и културни вредности.

Претходно, дел од „огнените“ членови на ДУИ го формираа Демократското движење, а донеодамнешниот втор човек во Беса, Аријанит Хоџа, ја формираше Европската демократска партија.