И незаконски и нетранспарентен: Претседателот на Судскиот совет ги исклучи ТВ камерите
„Едногласен договор ни е дека јавноста ќе биде присутна, но за камерите оставаме уште една-две минути да го завршат својот прилог во смисла на снимање, а потоа ќе мора да ја напуштат седницата, јавноста останува да биде присутна. Условите ни се такви, не е тоа нетранспарентност, но е потребно за условите за работа“, рече Георгиев.
По ова, реагира разрешената претседателка Дамева.
„Јас сум изненадена од оваа Ваша одлука затоа што Судскиот совет е колективно тело и ова не е дискреционо право па да одлучувате вие дали ќе има камери или не. Сметам дека ова треба да го одлучуваме заеднички, доколку мнозинството одлучи, во ред, прифаќам, во смисла дека не можам да ја оспорам одлуката на мнозинството. Но, ова е предмет за дискусија и навистина треба да го разгледуваме. Не може вие како претседател да ја исклучите јавноста или камерите или вие за што и да било да одлучувате самостојно“, вели Дамева.
Георгиев, пак, побара членовите да се изјаснат за неговиот предлог за исклучување на камерите, но никој, освен Дамева, не се јави за збор.
„Не ја исклучуваме јавноста, немојте да ја доведуваме во заблуда со такви атрибути. Јавноста е присутна, но камерите не се јавноста. Тие се придружен дел од настанот. Но, за условите на работа, имајќи ги предвид условите, околностите во кои работиме, доволно е сметам да снимаат само воведен дел“, рече Георгиев.
Според него, тоа бил став на колегиумот, а не негов иако не беше сигурен дека бил едногласен бидејќи сите членови на Судскиот совет не присуствувале на него.
„Ни треба концентрација, вака не можеме да работиме. Новинарите секако ќе останат“, кажа Георгиев.
георгиев тргна по стапките на поранешната претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, во 2016, кога по долгогодишна пракса ги тргна камерите од седниците, зашто намала концентрација за работа кога ја снимале.
Дамева кажа дека со оглед на тоа што се случуваше од 26 април, јавноста и тоа како треба да гледа во живо што се случува во Судскиот совет. Кога се случи пучот кој доведе до незаконско разрешување на Дамева јавноста немаше да го види скандалот во живо ако не беа снимките. од денеска членовите на Судскиот совет не смеат да внесуваат ни телефони на седниците.