И „Најк“ ја напушта Русија – испораките се веќе суспендирани, залихите во продавниците се намалуваат
Американскиот производител на облека и обувки „Најк“ не го обновил договорот за франшиза со руската „Инвентив ритејл груп“ (ИРГ), пренесува „Ведомости“, повикувајќи се на писмото на претседателот на ИРГ Тихон Смиков до вработените во компанијата.
„Најк“ не го обнови договорот за франшиза со ИРГ, кој го поседува трговскиот синџир на најголемиот американски производител на спортска опрема во земјата, пренесе РИА Новости.
Директорот за односи со јавноста на ИРГ за „Ведомости“ потврди дека испораките се прекинати, а стока има се помалку, пренесе Танјуг.
Оваа компанија нема да може да продолжи да работи со монобренд продавници.
„Поради оперативни тешкотии, ‘Најк’ одлучи да не ги обновува постоечките, ниту да влегува во нови деловни односи“, додава весникот.
ИРГ управува со 37 продавници „Најк“, а на сајтот може да се види дека девет не работат.