И министерот за локална самоуправа отиде на „аџилак“ во Будимпешта


Двајцата министри Златко Перински и Тибор Наврачич

 

По бројните посети на другите министри и барем една негова, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска е ви Будимпешта на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Тибор Наврачич.

Според соопштението на Министерството, двајцата министри разговарале за размена на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства. Останатиот дел од агендата бил посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој.