И Мендух Тачи се „одлепува“ од ДУИ

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, соопшти дека преговорите со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не довеле до резултат.
Тачи изјави дека Собранието на партијата во недела ќе донесе конечни заклучоци за идниот правец на ДПА. Тој нагласи дека со жалење констатира дека разговорите со Ахмети не успеале и дека органите на партијата ќе го одредат следниот чекор.
Тачи изјави исто така дека практично е невозможна соработка и со актуелната Влада.
– Вистината е таа, како што и претходно кажав, речиси е невозможно, но вие сте во право, во последните месеци имаше поголем интензитет на разговори, барајќи од двете страни заеднички точки меѓу оваа Влада и ДПА, но на крајот дојдовме до заклучок дека немаме никакви заеднички точки. Дозволете ми да констатирам дека овој разговор денес и официјално е затворен, не можам да ги замолчам другите, но ставовите на ДПА се овие, иако покажавме желба за конструктивност, дојдовме до заклучок дека немаме ништо заедничко со политиката на оваа Влада и нема да имаме – рече Тачи.