„И јас сум тука“ – изложба на фотопортрети на лица со посебни потреби
Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ ја најавува изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“, која ќе биде отворена денеска во 19 часот во холот на Кинотеката.
Во изложбата се вклучени фотографии на 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од државата на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.
Целта на изложбата на 20 фотопортрети е да се подигне свеста за лицата со посебни потреби.
Автор на фотографиите е Тоше Огњанов, а на приказните Сребра Ѓорѓијевска.