И Џорџина на Роналдо со папучи во Венеција
Џорџина Родригез ги носи некои од најголемите трендови на папучи во 2024 година додека е во Венеција. Присуствувајќи на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, манекенката и девојката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, го привлече вниманието со својот изглед.
Откако вчера пристигна во Венеција, Родригез се појави во хотел Екселзиор во асиметричен црн фустан. Родригез ја собра косата наназад и носеше преголеми украсени обетки со цвеќиња и златна нараквица, на која имаше и цвет.
Изгледот го искомбинира со парт папучи на штикли на Џанвито Роси „Elle“. Предниот дел, иако технички е покриен со термопластичен полиуретан, тој материјал сличен на пластика е проѕирен, така што целото стапало може да се види.
Папѕчите се во тренд веќе некое време, најверојатно почнувајќи од моделот Гучи Принстаун, претставена од Алесандро Микеле во 2015 година. Но, оваа година,папучите со штикла креваат пареа.
Пред неколку дена, Никол Кидман се појави на фото-повикот „Babygirl“ во Венеција облечена во пар густи бели папучи Bottega Veneta Cha Cha. Таа претходно носеше елегантен пар на светската премиера „A Family Affair“ во јуни. Во мај, луѓе како Бела Торн и Бела Хадид носеа папучи на Канскиот филмски фестивал.