И Дмитро Кулеба му даде поддршка на Османи: Тој ја сака Македонија и работи со интегритет


Бујар Османи и Дмитро Кулеба во мај 2022

 

Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, испрати видео-порака во во која ја поддржа кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, опишувајќи го како човек кој со највисок квалитет и посветеност да ѝ служи на јавноста. Кулеба беше шеф на дипломатијата на Украина кога Османи претседаваше со ОБСЕ и неколку пати беше во Киев.

„Бујар Османи е мој пријател кој ја водеше вашата дипломатија и го предводеше ОБСЕ за време на македонското претседавање со оваа организација. Тој е познат политичар и сум сигурен дека го почитувате исто толку колку што и јас го почитувам“, порача Кулеба.
Во пораката, Кулеба вели дека го запознал Османи во најтешките моменти од руската инвазија врз Украина и токму тогаш ја видел неговата човечка и политичка големина.
„Убеден сум дека ќе ви служи со највисок квалитет, интегритет и посветеност, затоа што така работеше и во своите претходни функции. Тој ја сака Македонија, ве сака вас, ги сака вашите градови и села. Тој е човек кој заслужува доверба. Јас тоа го научив во најтешките моменти на инвазијата“, истакна Кулеба.
Претходно порака со поддршка за Османи упати и порашешниот висок претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.